User manual

и чувајте ја затворена колку што може
повеќе за време на готвењето.
Користете метални садови за да го
зголемите штедењето на енергија.
Кога е можно, не ја презагревајте
печката пред да ја ставите храната
внатре.
За време на готвење што трае
подолго од 30 минути, намалете ја
температурата на печката на минимум
барем 3 - 10 минути пред да истече
времето, согласно времетраењето на
готвењето. Преостанатата топлина во
печката ќе го продолжи готвењето.
Користете ја преостанатата топлина
за затоплување храна.
Готвење со вентилатор
Кога е можно, коистете ги функциите
за готвење со вентилатор за да
заштедите енергија.
Преостаната топлина
Кај некои функции на печката, ако се
вклучи програма како Времетраење
или Крај и времето на готвење е
подолго од 30 минути, греачите се
исклучуваат автоматски 10% порано.
Вентилаторот и светлото
продолжуваат да работат.
Одржување на топлина кај храната
Одберете ја најниската поставка за
температура за да ја искористите
преостаната топлина и да го одржите
јадењето топло. На екранот е
прикажана температурата на
преостанатата топлина.
Готвење со исклучена светилка
Исклучете ја светилката за време на
готвењето и вклучете ја само кога ви е
потребна.
Влажна печење со вентил.
Функција за штедење на електрична
енергија за време на готвењето.
Работи на тој начин што
температурата во внатрешноста на
печката може да се разликува од
температурата означена на екранот за
време на циклусот на готвење и
времето на готвење може да се
разликува од времето на готвење кај
другите програми.
Кога ја користите функцијата Влажно
печење со вентилатор, светилката се
исклучува автоматски по 30 секунди.
Мора да го вклучите светлото
повторно но оваа акција ќе ги намали
очекуваните штедења на енергија.
Исклучување на екранот
Ако е потребно, можете целосно да го
исклучите екранот. Истовремено
допирајте ги
и сè додека не се
изгаси екранот. Овој чекор исто така
го вклучува апаратот.
15. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со
симболот . Ставете ја амбалажата
во соодветни контејнери за да ја
рециклирате. Помогнете во заштитата
на живтната средина и човековото
здравје и рециклирајте го отпадот од
електрични и електронски апарати. Не
фрлајте ги апаратите озанчени со
симболот во отпадот од
домаќинството. Вратете го производот
во вашиот локален капацитет за
рециклирање или контактирајте ја
вашата општинска канцеларија.
*
www.aeg.com56