Recipe Book

Ставете брашно, путер, јајца и зачини
во чинија за мешање и измешајте до
изедначено тесто. Оставете го тестото
да стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете
го во подмачканиот црн плех за
печење. Избодете го дното со
вилушка.
Распоредете ја сланината врз тестото.
За да го направите филот, измешајте
ги заедно јајцата, киселата павлака и
зачините. Потоа додајте го сирењето.
Истурете го филот врз сланината.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво на решетка: 2
1.20 Пандиш. торта со
лимон
Состојки за мешавината:
250 g путер
200 g шекер
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
1 тропрст сол
4 јајца
150 g брашно
150 g пченкарно брашно
1 рамна лажичка прашок за печиво
рендана кора од 2 лимона
Состојки за глазурата:
125 ml сок од лимон
100 g шекер во прав
Друго:
Четвртест плех за печење, долг 30
cm
Маргарин за подмачкување
Лебни трошки за обложување на
плехот
Метод:
Ставете путер, шекер, кора од лимон,
ванилин шекер и сол во чинија за
матење и изматете ги пенесто.
Додавајте ги јајцата едно по едно и
повторно изматете пенесто.
Постепено додавајте ги брашното и
пченкарното врашно измешани со
прашокот за пециво во пенестата маса
и лесно вмешајте го.
Ставете го тестото во подмачканиот
плех за печење обложен со лебни
трошки, израмнете го и ставете го во
апаратот.
Откако ќе се испече, измешајте
лимонов сок и шекер во прав.
Превртете го испечениот колач на
алуминиумска фолија.
Свиткајте ја алуминиумската фолија
од страните на колачот нагоре за да
не може да истече преливот.
Избоцкајте го колачот со дрвено
стапче и нанесете ја глазурата со
четка. Потоа оставете го колачот да ја
впие глазурата.
Време во апаратот: 75 минути
Ниво на решетка: 2
1.21 Торта со сирење
Состојки за основата:
150 g брашно
70 g шекер
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
1 јајце
70 g омекнат путер
Состојки за кремот со сирење:
3 белки
50 g суво грозје
2 супени лажици рум
750 g урда со мала масленост
3 жолчки
200 g шекер
сок од еден лимон
200 g кисела павлака
1 пакетче прашок за крем, со вкус
на ванила (40 g или соодветна
количина прашок за правење
пудинг од 500 ml млеко)
Друго:
Црн плех за печење со дијаметар
од 26 cm со калап што се отвора,
подмачкан
Метод:
Просејте го брашното во чинија.
Додаjте го остатокот од состојките и
измешајте со рачен миксер. Потоа
ставете ја мешавината во фрижидер 2
часа.
Покријте го подмачканото дно од
калапот што се отвора со околу 2/3 од
тестото и избодете го повеќе пати со
вилушка.
МАКЕДОНСКИ 7