User manual

допираат грејачите. Апаратот не смее да биде на
дофат на деца помали од 8 години освен ако не се
под постојан надзор.
Секогаш користете ракавици за рерна за вадење
или ставање прибор или огноотпорни садови.
Пред чистење и одржување, исклучете го уредот
од напојувањето.
Пред да ја менувате сијалицата во печката,
уверете се дека уредот е исклучен, за да ја
избегнете можноста од струен удар.
Не користете чистач на пареа за чистење на
апаратот.
Не користете груби абразивни средства или остри
метални стругалки за да го чистите стаклото на
вратата, бидејќи тоа може да предизвика прскање
на стаклото.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Претечената храна мора да се отстрани пред
чистење со пиролиза. Извадете ги сите делови од
рерната.
За да ги извадите држачите на решетките,
повлечете го предниот дел од држачот на
решетката, а потоа задниот крај настрана од
страничните ѕидови. Монтирајте ги држачите на
решетките по обратен редослед.
Користете го само сензорот за храна (сензорот за
температура на средината) препорачан за овој
апарат.
www.aeg.com4