User manual
Table Of Contents
- СОДРЖИНА
- 1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
- 2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
- 3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
- 4. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
- 5. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
- 6. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
- 7. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
- 8. ПОМОШ И СОВЕТИ
- 8.1 Препораки за готвење
- 8.2 Внатрешна страна на вратата
- 8.3 Печење
- 8.4 Совети за печење
- 8.5 Печење на едно ниво:
- 8.6 Потпечена храна и храна со крцкава кора
- 8.7 Влажна Печење Со Вентил.
- 8.8 Печење на повеќе нивоа
- 8.9 Поставки За Пица
- 8.10 Печење
- 8.11 Табели за печење месо
- 8.12 Печење
- 8.13 Замрзната Храна
- 8.14 Одмрзнување
- 8.15 Конзервирање - Долен грејач
- 8.16 Сушење - Готвење Со Вентилатор
- 8.17 Информации за институти за тестирање
- 9. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
- 10. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
- 11. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
– не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
– бидете внимателни при
отстранување или поставување
на приборот.
• Обезбојувањето на емајлот или на
не'рѓосувачкиот челик нема ефект
врз работата на апаратот.
• Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
• Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
• Секогаш гответе со затворена
врата на печката.
• Ако апаратот е монтиран зад плоча
од мебел (на пр. врата) вратата не
смее да се затвора кога апаратот е
во функција. Може да се насобере
топлина и влага зад панелот на
затворениот мебел и да предизвика
оштетување на апаратот, на
куќиштето или на подот. Не
затворајте ја плочата на мебелот
додека не се излади целосно
апаратот по употреба.
2.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
пожар или оштетување на
апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата ако се оштетени.
Стапете во контакт со Овластен
сервисен центар.
• Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
• Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
инструкции на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
2.5 Внатрешна светилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
• Видот на светилката или на
халогената лампа која се користи
за овој апарат е само за употреба
во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во
куќата.
• Пред да ја замените светилката,
исклучете го апаратот од
напојувањето.
• Користете само светилки со истите
спецификации.
2.6 Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
• Користете само оригинални
резервни делови.
2.7 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Извадете го електричниот кабел
блиску до апаратот и фрлете го.
• Извадете ја кваката на вратата за
да спречите затварање на деца или
миленици во апаратот.
www.aeg.com6