User manual
Контрола на влажноста
Стаклената полица има вграден уред со
процепи (приспособливи со рачка за
лизгање), што овозможува да се
регулира температурата во фиоките за
зеленчук.
Кога отворите за проветрување се
затворени:
природната влага на храната во
преградите за овошје и зеленчук се
задржува подолго.
Кога отворите за проветрување се
отворени:
поголемото кружење на воздухот дава
помала влага во преградите за овошје и
зеленчук.
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
Совети за штедење енергија
• Не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
• Доколку околната температура е висока, регулаторот за температура е
на најголемата поставка и апаратот е целосно наполнет, компресорот
може да работи непрестано, што ќе предизвика формирање мраз на
испарувачот. Ако се случи тоа, свртете го регулаторот за температура
кон помалите вредности за да овозможите автоматско одмрзнување, со
што ќе заштедите и електрична енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
• не ставајте топла храна или течности што испаруваат во фрижидерот
• покривајте ја или виткајте ја храната, особено ако има посилен вкус
• ставајте ја храната така што воздухот може да кружи слободно околу
неа
Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични ќесички и ставајте го на
стаклената полица над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин само еден или најмногу два
дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба да се покриени и може да
се стават на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво измиени и ставени во
специјалните фиоки за нив.
Помошни напомени и совети
57