User manual
• Чувајте ја претходно спакуваната смрзната храна во согласност со
упатствата на нејзиниот производител.
• Мора строго да се почитуваат препораките за чување на
производителот на апаратот. Видете во соодветното упатство.
• Не ставајте содирани или газирани пијалаци во преградите на
замрзнувачот, бидејќи тие создаваат притисок во садот, што може да
предизвика негово експлодирање, што може да заврши со оштетување
на апаратот.
• Смрзнатите лижавчиња може да предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
Одржување и чистење
• Пред одржување, исклучете го апаратот и извадете го приклучокот за
струја од штекерот. Ако не можете да пријдете кон приклучокот за
струја, прекинете го струјното коло.
• Не чистете го апаратот со метални предмети.
• Не користете остри предмети за вадење на мразот од апаратот.
Користете пластичен гребач.
• Редовно проверувајте го одводот на фрижидерот за одмрзната вода.
Ако е неопходно, исчистете го одводот. Ако одводот е блокиран, ќе се
собира вода на дното на фрижидерот.
Местење
За електричното поврзување, внимателно постапете според упатствата
дадени во одделните пасуси.
• Распакувајте го апаратот и проверете да не е оштетен. Не
приклучувајте го апаратот ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го купиле апаратот. Во тој
случај, престанете со распакување.
• Препорачливо е да се почека најмалку четири часа пред да се приклучи
апаратот за да може маслото да се врати во компресорот.
• Околу апаратот треба да има соодветно кружење на воздухот - без него
може да дојде до прегревање. За да се постигне доволно
проветрување, следете ги упатствата за местење.
• Секогаш кога е можно, задниот дел на производот треба да е блиску до
ѕид, за да не биде можно допирање или фаќање на топлите делови
(компресорот, кондензаторот) и изгорувањето од нив.
• Апаратот не смее да се наоѓа блиску до радијатори или плински
шпорети.
• Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот.
•
Поврзувајте само со довод на вода за пиење.
19)
Сервисирање
• Електричните приспособувања потребни за сервисирање на апаратот
треба да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице.
19) Ако е предвидено водоводно поврзување.
52
Безбедносни информации