User manual

5. Притиснете го копчето за ресетирање на алармот за да го ресетирате.
Исклучување на фрижидерот
1. Држете го прекинувачот ON/OFF притиснат подолго од 5 секунди.
2. После тоа се прикажува одбројување на температурата од -3 -2 -1.
Кога фрижидерот ќе се исклучи се појавува "1". Температурниот
индикатор се гаси. Контролната сијалица се гаси.
Исклучување на апаратот
1. Држете го прекинувачот ON/OFF притиснат подолго од 5 секунди.
2. После тоа се прикажува одбројување на температурата од -3 -2 -1.
Кога ќе се појави "1", апаратот е исклучен. Температурниот показател
се гаси. Контролното светло се гаси.
Аларм при висока температура
Во случај на ненормално покачување на температурата во замрзнувачот
(на пр., при снемување струја), светлото на показателот за алармот ќе
почне да трепка и ќе се огласи звучен сигнал.
Притиснете го копчето за ресетирање на алармот за да го прекинете
звучниот сигнал, додека светлото на показателот за алармот ќе продолжи
да трепка.
Звучниот сигнал автоматски ќе престане кога температурата ќе се врати
на нормала, додека светлото на показателот за алармот ќе продолжи да
трепка.
Притиснете го копчето за ресетирање на алармот. Показното светло за
алармот се гаси и, истовремено, температурниот показател на
замрзнувачот ја прикажува најтоплата достигната температура во
комората на замрзнувачот 5 секунди.
Копчиња за поставување на температурата
Температурата се регулира со копчињата за поставување на
температурата. Овие копчиња се поврзани со температурниот показател.
Со притискање на некое од копчињата за поставување на
температурата, температурниот показател се префрлува од
ФАКТИЧКАТА температура (температурниот показател свети) на
САКАНАТА температура (температурниот показател трепка).
Со секое повторно притискање на едно од двете копчиња, САКАНАТА
температура се прилагодува за 1°C. САКАНАТА температура мора да
се достигне за 24 часа.
Ако не притиснете ниедно копче, по кратко време (околу 5 секунди)
температурниот показател автоматски се враќа на приказот на
ФАКТИЧКАТА температура.
САКАНА температура значи:
Температурата што е одбрана за внатрешноста на соодветната комора.
САКАНАТА температура се прикажува со бројки што трепкаат.
ФАКТИЧКА температура значи:
Контролна табла
43