User manual

Пареата може да се користи за исушени, перени или еднаш носени алишта.
Овие програми го намалуваат туткањето и непријатните мириси и ги прават
вашите алишта помеки.
Не користете никаков детергент. Ако е потребно, отстранете ги дамките со
перење или со примена на локален отстранувач на дамки.
Програмите со пареа не содржат циклус за дезинфекција.
Не ја подесувајте програмата за пареа за следниот вид на алишта:
Алишта кај кои на етикетата за одржување не е означено дека се погодни за сушење
во машина.
Алишта кои содржат пластични, метални, дрвени парчиња или слично.
Допрете го копчето
4
за да го смените времетраењето на фазата на пареа.
1)
Доколку поставите програма на пареа со суви алишта, на крајот на циклусот алиштата на допир ќе
бидат влажни. Подобро е да ги изложите алиштата на свеж воздух околу 10 минути за да се намали
влажноста. Вешот треба да го извадите од барабанот колку што е можно побрзо. После циклусот со
пареа, алиштата треба секако да се пеглаат, но за тоа ќе биде потребен помалку напор!
2)
За времето на програмата, видете на екранот.
ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ
Програма
1)
Потрошувачка на енергија
(KWh)
2)
Потрошувачка на
вода (литри)
2)
Бели памучни алишта 95°C 2.50 73
Памук 60 °C 1.60 69
Памук 40 °C 1.00 69
Синтетика 40°C 0.60 48
Нежни 40 °C 0.70 58
Волна/Рачно перење 30°C 0.35 57
1)
Погледнете на екранот за програмското време.
2)
Информацијата за потрошувачката прикажана на оваа табела е индикативна. Може да варира во
зависност од количината и видот на алиштата, температурата на доводот на водата и на собната
температура.
Стандардни програми за вредности
на потрошувачка со Енергетска
етикета.
Памучни 60°C штедливи и памучни 40°C
штедливи се стандардните програми за
памук за нормално извалкани памучни
алишта. Тие се погодни за чистење на
нормално извалкани памучни алишта и тие
се најефикасни програми во услови на
комбинирана потрошувачка на енергија и
вода за перење на тој тип на памучни
алишта.
Тие се во согласност со EN60456.
Вистинската температура на
водата може да се разликува од
објавената температура на
циклусот.
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. За да го вклучите системот за
плакнење, ставете 2 литри вода во
преградата за дозерот за детергент во
главното перење.
МАКЕДОНСКИ
17