User manual
Ургентно празнење
Доколку водата не е испуштена, постапете на следниот начин за да ја
испразните машината:
1. извлечете го штекерот од приклучницата;
2. затворете ја славината;
3. доколку е потребно, почекајте додека водата не се излади;
4. отворете ја вратата од пумпата;
5. ставете длабок сад на подот и ставете крајот од цревото за ургентно
испуштање во него. Извадете го капакот. Водата треба да се исцеди
во садот по слободен пад. Откако садот ќе се наполни, вратете го
капакот на цревото. Испразнете го садот. Повторувајте ја постапката,
додека водата не престане да тече;
6. доколку е потребно, исчистете ја пумпата на погоре опишаниот начин;
7. откако ќе го затворите со капакот, вратете го цревото за ургентно
испуштање на своето место;
8. зашрафете ја пумпата и затворете ја вратата.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради несоодветно одржување или
превиди, што може лесно да се решат без викање сервисер. Пред да се
обратите во вашиот локален сервисен центар, прво изведете ги следните
проверки.
Додека машината работи, можно е жолтата контролна сијалица од
копчето 7 да трепка, на екранот да се појави некоја од следните шифри
за тревога и истовремено на секои 20 секунди да се огласува звучен
сигнал, за да укажат дека машината не работи:
•
: проблем со доводот на водата
•
: проблем со испуштањето на водата
•
: вратата е отворена
•
: активиран е системот против поплава
Откако ќе го решите проблемот, притиснете го копчето 7 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по сиве овие проверки проблемот
останува, контактирајте со својот локален сервисен центар.
Што да сторите ако...
31