User manual
• Пред готвењето на
прехранбени производи со
"лушпа" или "кожа", како
компири, домати, колбаси,
продупчете ги повеќепати со
виљушка, за да не пукаат.
• Уверете се, дека при
готвењето/ загревањето на
јадењата ќе се постигне
минимална температура од
70°C. Заради тоа, внимавајте
на вредностите за моќноста и
времето, наведени во
табелите. За мерење на
температурата на јадењето никогаш не користете термометар
со жива или со течности.
• Јадењата што се загреваат со микробранови предаваат топлина
на садовите. Користете крпи за фаќање или слично!
• Не преварувајте ги јадењата со премногу големи вредности на
моќност и време. Јадењата би можеле на одредени места да се
исушат, да изгорат или да се запалат.
• При работата, просторот за готвење, грејното тело на скарата и
деловите од приборот стануваат жешки. Заради тоа, при
ракување користете крпа за фаќање или слично. Опасност од
изгореници!
• Металните предмети мора да бидат оддалечени од ѕидовите и
од вратата на просторот за готвење најмалку 2 cm. Инаку може
да дојде до прескокнување на искри и до оштетување на уредот.
• Доколку не е поинаку препорачано, не користете алуминиумска
фолија.
• Не заглавувајте ништо помеѓу вратата у рамката од вратата.
• Секогаш одржувајте ги чисти дихтунгот од вратата, површините
за дихтување и внатрешноста. Извалканиот уред може да
доведе до опасни ситуации.
• Не чувајте запаливи предмети во рерната. При вклучувањето
тие би можеле да се запалат.
min 70 C
70
0
8 Совети за безбедност