User manual

Програмата може да трае подолго ако ја користите функцијата Multitab.
Активирајте ја или деактивирајте ја функцијата Multitab пред да почнете
програма за миење.
Не може да ја активирате или деактивирате функцијата Multitab додека
трае некоја програма. Откажете ја програмата за миење, а потоа
повторно поставете ја.
Активирање на функцијата Multitab:
Држете ги притиснати истовремено двете копчиња за Multitab
(функциските копчиња D и E). Показното светло за Multitab се пали.
Деактивирање на функцијата Multitab:
Држете ги притиснати истовремено двете копчиња за Multitab
(функциските копчиња D и E). Показното светло за Multitab се гаси.
Направете го следново ако е сушењето незадоволително:
1. Наполнете го дозерот со средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство за плакнење во положба 2.
Дозерот за средство за плакнење може да се активира или деактивира
само кога е активна функцијата Multitab.
Активирање/деактивирање на дозерот за средство за плакнење.
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување.
3. Држете ги притиснати функциските копчиња B и C.
Показните светла за функциските копчиња A, B и C почнуваат да
трепкаат.
4. Отпуштете ги функциските копчиња B и C.
5. Притиснете го функциското копче B.
Показните светла за функциските копчиња A и C се гасат.
Показното светло за функциското копче B продолжува да трепка.
Дигиталното екранче ja покажува поставката.
Дозерот за средство за плакнење е
исклучен
Дозерот за средство за плакнење е
активен
6. Притиснете го функциското копче B повторно.
Дигиталното екранче ja покажува новата поставка.
7. За да ја меморирате поставката, исклучете го апаратот.
18
Функцијата Multitab