User manual

Пример: дигиталното екранче покажува = ниво 5.
6. Притиснете го функциското копче А еднаш за да го зголемите нивото
на омекнувачот на вода за еден чекор.
7. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја
меморирате поставката.
Користење на сол за машина за миење садови
ВНИМАНИЕ
Користете само сол за машини за садови. Сол што не е за машини за
садови предизвикува оштетувања на омекнувачот на вода.
ВНИМАНИЕ
Зрнца сол и солена вода на дното на апаратот може да предизвикаат
корозија. Наполнете го апаратот со сол пред да почнете програма за
миење за да спречите корозија.
Направете го следново за да го наполните садот за сол:
1. Свртете го капачето налево за да го отворите садот за сол.
2. Наполнете го садот за сол со 1 литар вода (само пред првото
пуштање).
3. Со помош на инка, наполнете го
садот со сол.
4. Отстранете ја солта околу
отворот на садот за сол.
5. Свртете го капачето надесно за
да го затворите садот за сол.
Нормално е да се прелее вода од
садот кога ќе го наполните со сол.
Користење на средство за плакнење
ВНИМАНИЕ
Користете само специјално средство за плакнење за машини за миење
садови.
Не полнете го дозерот за средство за плакнење со други производи (на
пр. средство за чистење машини за садови или течен детергент). Тоа
може да предизвика оштетувања на апаратот.
Средството за плакнење овозможува сушење на садовите без ленти и
дамки.
Средството за плакнење автоматски се додава за време на последното
плакнење.
10
Користење на сол за машина за миење садови