User manual

Ако е потребно,
проверете го
поставувањето со
помош на либела.
Комплет гумени ногалки (4055126249)
Достапно кај вашиот овластен продавач.
Гумените ногалки особено се
препорачуваат за подови кои вибрираат,
подови кои се лизгави и дрвени подови.
Монтирајте ги гумените ногалки за да
спречите вибрации, бука и поместување на
апаратот за врме на неговото работење.
Прочитајте
го внимателно упатството
дадено со комплетот.
Довод за вода
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Овој апарат
мора да биде поврзан со довод на
ладна вода
ВНИМАНИЕ Пред да ја приклучите
машината на нова водоводна мрежа
или на мрежа која не е користена повеќе
време, пуштете да истече некоја разумна
количина вода, за да се исперат сите
талози што се собрале
во цевките
ВНИМАНИЕ Не употребувајте го
цревото од старата машина за да го
поврзете апаратот на доводот на вода.
Приклучете го
доводното црево на
славина со навој од
3/4. Секогаш
користете го
цревото
испорачано со
апаратот.
35°
45°
Другиот крај од доводното црево, кој се
приклучува во апаратот, може да се
заврти како што е прикажано на сликата.
Не поставувајте го доводното црево
надолу.Поставете го аголот на цревото
кон лево или кон десно, зависно од
положбата на славината за вода.
Поставете го цревото правилно
олабавувајќи го прстенестиот шраф.
Откако ќе го
наместите доводното црево,
затегнете го прстенестиот шраф за да не
истекува вода.
ВНИМАНИЕ Доводното црево не смее
да се продолжува. Ако е премногу
кратко и ако не сакате да ја преместувате
славината, ќе треба да купите ново,
подолго црево, специјално наменето за
овој тип на примена.
Одвод за вода
Крајот од одводното црево
може да се
постави на три начини:
Закачено преку
работ на мијалник
со помош на
пластичниот
држач за црево.
Во овој случај, внимавајте крајот да не
може да се откачи при празнење на
машината. Тоа може да се постигне со
врзување за славината или со
закачување на ѕидот.
53
www.zanussi.com