User manual

Монтажа
Распакување
Сите транспортни клинови и сета
амбалажа мора да се отстранат пред
користење на уредот.
Ви советуваме да го чувате целиот прибор
за транспорт, за да може истиот повторно
да се намести доколку апаратот некогаш
повторно се транспортира.
Откако ќе ја
отстраните сета
амбалажа,
внимателно
положете ја
машината на
задната страна и
отстранете го
стиропорот
одоздола.
Извадете ги
кабелот за струја и
цревото за одвод
од држачите на
задниот дел на
апаратот
Одвртете ги трите
завртки.
Извлечете ги
соодветните
пластични
разделници.
Отворете го
прозорчето,
извадете го блокот
стиропор монтиран
на заптивката на
вратата и
извлечете ги сите
предмети од
барабанот.
Затворете ги
помалата горна
дупка и двете
поголеми со
соодветните
пластични затки
испорачани во
вреќичката со
упатството.
Поставување
Монтирајте ја машината на рамен, тврд
под. Уверете се дека струењето на
воздухот околу машината не е попречено
од теписи, черги итн. Проверете дали
машината ги допира ѕидот или кујнските
елементи Нивелирајте ја машината за
перење со подигање или спуштање на
ногалките. Можно е, регулирањето на
ногалките да оди тешко, бидејќи имаат
навртка за само-заклучување, но
машината МОРА да биде нивелирана и
стабилна.
Сите потребни нагодувања можат да се
изведуваат со клуч за одвртување.
Точното нивелирање спречува вибрации,
бучава и поместување на машината во
текот на работата. Никогаш не ставајте
картон, дрво или сличен
материјал под
машината за да ги израмните нерамнините
на подот.
52
www.zanussi.com