User manual

навртете го капакот за пумпата повторно
и затворете ја вратичката.
ВАЖНО Секогаш кога ќе ја испуштите
водата со цревото за итно празнење мора
да истурите 2 литра вода во главната
преграда на фиоката за детергент, а потоа
да ја пуштите програмата за црпење. Тоа
ќе го активира уредот со вентил ECO што
спречува дел од детергентот да остане
неупотребен при следното перење.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди, што
може лесно да се решат без да повикате
сервисер. Пред да се обратите во вашиот
локален Сервисен центар, прво направете
ги следните проверки.
Додека машината работи, можно е
црвеното контролно светло на копчето 5
да трепка, една од следниве шифри за
тревога да се појави
на екранот и
истовремено да се огласуваат звучни
сигнали на секои 20 секунди за да укажат
дека машината не работи:
: проблем со доводот на вода.
: проблем со испуштањето вода.
: вратата е отворена.
Откако ќе го решите проблемот,
притиснете го копчето 5 за да ја стартувате
програмата одново. Ако и по сите овие
проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален Сервисен
центар.
Проблем Веројатна причина/Решение
Машината за перење не
почнува да работи:
Вратата не е затворена.
Добро затворете ја вратата.
Штекерот не е правилно вметнат во приклучникот.
Вметнете го штекерот во приклучникот.
Во приклучникот нема струја.
Проверете ја домашната електрична инсталација.
Прегорел главниот осигурувач.
Заменете го осигурувачот.
Програматорот не е правилно поставено и копчето 5 не е
притиснато.
Свртете го програматорот и повторно притиснете го
копчето 5.
Избран е одложен почеток.
Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложениот почеток.
Активирано е Безбедносна брава за деца.
Исклучете ја Безбедносна брава за деца.
48
www.zanussi.com