User manual

ВАЖНО Ако го свртите тркалцето на
програматорот на друга програма додека
машината работи, црвената контролна
сијаличка на копчето 7 ќе трепне 3 пати и
ќе се покаже пораката Err за да укаже на
погрешно одбирање. Машината нема да ја
изведува новата избрана програма.
Одберете ја брзината на центрифугата
со притискање на копчето 2
Со избирање програма,
апаратот
автоматски предлага максимална брзина
на центрифугирање предвидена за таа
програма. (Видете во "Програми за
перење" за дозволената максимална
брзина на центрифуга).
Притискајте го ова копче повеќепати за да
ја смените брзината на центрифугата, ако
сакате алиштата да се центрифугираат со
друга брзина. Ќе се запали соодветната
сијалица.
Одберете ги достапните опции
притискајќи ги копчињата 3, 4, 5 и
6
Зависно од програмата, може да се
комбинираат различни функции. Тие мора
да се одберат по одбирањето на саканата
програма и пред почнување на програмата.
Кога ќе се притиснат копчињата, се палат
соодветните контролни светилки. Кога ќе
се притиснат повторно, контролните
светилки се гаснат. Ако е одбрана некоја
неточна опција, интегрираното црвено
контролно светло на
копчето 7 трепка 3
пати и се покажува пораката Err .
За соодветноста меѓу програмите за
перење и опциите, видете во поглавјето
«Програми за перење».
Почнете ја програмата со притискање на
копчето 7
За да ја почнете одбраната програма,
притиснете го копчето; соодветното црвено
контролно светло престанува да трепка.
Контролната светилка 9 свети за да
покаже
дека апаратот започнува со работа и дека
вратата е заклучена.
Ако сте избрале одложен старт, машината
ќе почне да одбројува.
ВАЖНО Ако сте одбрале погрешна опција,
се појавува пораката Err неколку секунди и
црвената контролна светилка на ова копче
трепка 3 пати.
Изберете го Одложеното почнување со
притискање на копчето 8
Пред да ја стартувате програмата, ако
сакате да го одложите почетокот,
притискајте го ова копче за да го изберете
саканото одложување.
Одбраната вредност на
времето за
одложување ќе се појави на екранот
неколку секунди, а потоа повторно ќе се
појави времетраењето на програмата.
Мора да ја одберете оваа опција откако сте
ја поставиле програмата и пред да ја
почнете програмата.
Одложеното почнување можете да го
смените или откажете во кое било време,
пред да го притиснете копчето 7
.
Одберете одложен почеток:
1. Одберете ја програмата и потребните
опции.
2. Изберете го одложеното почнување со
притискање на копчето8.
3. Притиснете го копчето7:
- машината почнува со одбројувањето
часови.
- програмата ќе започне откако ќе
истече избраното одложување.
Откажување на Одложеното почнување
откако ќе почне програмата:
1. Нагодете ја машината за перење на
ПАУЗА со
притискање на копчето 7.
2. Притиснете го копчето 8 само еднаш.
На екранот ќе се покаже
'.
3. Притиснете го копчето 7 повторно за
да почне програмата.
38
www.zanussi.com