User manual

ВНИМАНИЕ Пред да ја приклучите
машината на нова водоводна мрежа
или на мрежа која не е користена повеќе
време, пуштете да истече некоја разумна
количина вода, за да се исперат сите
талози што се собрале во цевките
ВНИМАНИЕ Не употребувајте го
цревото од старата машина за да го
поврзете апаратот на доводот на вода.
Приклучете го
доводното црево
на славина со навој
од 3/4. Секогаш
користете го
цревото
испорачано со
апаратот.
35°
45°
Другиот крај од доводното црево, кој се
приклучува во апаратот, може да се
заврти како што е прикажано на сликата.
Не поставувајте го доводното црево
надолу.Поставете го аголот на цревото
кон лево или кон десно, зависно од
положбата на славината за вода.
Поставете го цревото правилно
олабавувајќи го прстенестиот шраф.
Откако ќе го
наместите доводното црево,
затегнете го прстенестиот шраф за да не
истекува вода.
ВНИМАНИЕ Доводното црево не смее
да се продолжува. Ако е премногу
кратко и ако не сакате да ја преместувате
славината, ќе треба да купите ново,
подолго црево, специјално наменето за
овој тип на примена.
Одвод за вода
Крајот од одводното црево може да се
постави на три начини:
Закачено преку
работ на
мијалникот со
пластичниот
држач за црево
испорачан со
машината.
Во овој случај, уверете се дека крајот
нема да се откачи при празнење на
машината. Ова може да се постигна со
негово врзување на славината или со
закачување на ѕидот.
Во огранок од одводната цевка на
мијалникот. Овој огранок мора да биде
над јамката, така што кривината ќе биде
најмалку 60 см над подот.
Директно во одводното црево на
висина не помала од 60 см и не повеќе
од 90 см. Крајот на одводното црево
секогаш мора да има добра
вентилација, односно внатрешниот
дијаметар на одводната цевка мора
да
биде поголем од надворешниот
дијаметар на одводното црево.
Одводното црево не смее да биде
превиткано.
53