User manual

Откако ќе ја
отстраните сета
амбалажа,
внимателно
положете ја
машината на
задната страна и
отстранете го
стиропорот
одоздола.
Извадете ги
кабелот за струја и
цревата од
држачите на
задниот дел на
апаратот.
Одвртете ги трите
клина.
Извлечете ги
соодветните
пластични
разделници.
Отворете го
прозорецот и
извадете го блокот
стиропор, монтиран
на дихтунгот од
вратата.
Затворете ги
помалата горна
дупка и двете
поголеми со
соодветните
пластични затки,
испорачани во
вреќичката со
упатството.
Поставување
Монтирајте ја машината на рамен, тврд
под. Уверете се дека струењето на
воздухот околу машината не е попречено
од теписи, черги итн. Проверете дали
машината ги допира ѕидот или кујнските
елементи Нивелирајте ја машината за
перење со подигање или спуштање на
ногалките. Можно е, регулирањето на
ногалките да оди тешко, бидејќи имаат
навртка за само-
заклучување, но
машината МОРА да биде нивелирана и
стабилна.
Сите потребни нагодувања можат да се
изведуваат со клуч за одвртување.
Точното нивелирање спречува вибрации,
бучава и поместување на машината во
текот на работата. Никогаш не ставајте
картон, дрво или сличен материјал под
машината за да ги израмните нерамнините
на подот.
Ако е потребно,
проверете го
поставувањето со
помош на либела.
Комплет гумени ногалки
(4055126249)
Достапно кај вашиот овластен продавач.
Гумените ногалки особено се
препорачуваат за подови кои вибрираат,
подови кои се лизгави и дрвени подови.
Монтирајте ги гумените ногалки за да
спречите вибрации, бука и поместување
на апаратот за врме на неговото
работење.
Прочитајте го внимателно упатството
дадено со комплетот.
Довод за вода
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Овој апарат
мора да биде поврзан со довод на
ладна вода
52