User manual

Завртете го цревото на машината и
проверете дали е добро стегнато.
Отворете ја славината.
Заштита од замрзнување
Доколку машината е изложена на
температури под 0°C, треба да преземете
одредени мерки на претпазливост.
Затворете ја славината.
Одвртете го доводното црево.
Ставете го крајот од цревото за
ургентно празнење и на доводното
црево во длабок сад на подот и пуштете
ја водата да истече.
Повторно зашрафете го доводното
црево и вратете го
на место цревото за
ургентно празнење, откако повторно ќе
го ставите капакот.
Кога ќе сакате повторно да ја користите
машината, проверете дали температура
во просторијата е над 0°C.
Итно празнење
Доколку водата не е испуштена, постапете
на следниот начин за да ја испразните
машината:
извлечете ја приклучницата од
штекерот;
затворете ја славината;
доколку е потребно, почекајте водата да
се излади;
отворете ја вратичката на пумпата;
ставете длабок сад на подот и ставете
крајот од цревото за ургентно
испуштање во него. Извадете го капакот.
Водата треба да се исцеди во садот по
слободен пад. Откако садот ќе се
наполни, вратете го
капакот на цревото.
Испразнете го садот. Повторувајте ја
постапката додека водата не престане
да тече;
доколку е потребно, исчистете ја
пумпата на погоре опишаниот начин;
откако ќе го затворите со капакот,
вратете го цревото за итно празнење на
своето место;
навртете го капакот за пумпата повторно
и затворете ја вратичката.
ВАЖНО Секогаш
кога ќе ја испуштите
водата со цревото за итно празнење мора
да истурите 2 литра вода во главната
преграда на фиоката за детергент, а потоа
да ја пуштите програмата за црпење. Тоа
ќе го активира уредот со вентил ECO што
спречува дел од детергентот да остане
неупотребен при следното перење.
Што да сторите ако...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди, што
може лесно да се решат без да повикате
сервисер. Пред да се обратите во вашиот
локален Сервисен центар, прво направете
ги следните проверки.
Додека машината работи, можно е
црвеното контролно светло на копчето 7
да трепка, една од следниве шифри за
тревога да се појави
на екранот и
истовремено да се огласуваат звучни
сигнали на секои 20 секунди за да укажат
дека машината не работи:
: проблем со доводот на вода.
: проблем со испуштањето вода.
: вратата е отворена.
Откако ќе го решите проблемот,
притиснете го копчето 7 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по
сите овие проверки проблемот останува,
контактирајте со својот локален Сервисен
центар.
47