User manual

Персонализација
Звучни сигнали
Машината е опремена со звучен уред кој
се огласува во следните случаи:
на крајот од циклусот
ако има дефект.
Со истовремено притискање на копчињата
4 и 5 околу 6 секунди, звучните сигнали се
исклучуваат (освен ако има дефект). Со
повторно притискање на овие 2 копчиња,
звучните сигнали повторно се вклучуваат.
Безбедносна брава за деца
Овој уред Ви дозволува да го оставите
апаратот без надгледување и да не се
грижите за тоа дека децата може да се
повредат или да го оштетат. Оваа
функција останува вклучена и кога
машината не работи.
Има два начина да се нагоди оваа опција:
1. Пред да го притиснете копчето 7:
невозможно е машината да работи.
2. Откако да го притиснете копчето 7:
невозможно е да ја
промените која
било друга програма или опција.
За да се вклучи или исклучи оваа опција,
континуирано околу 6 секунди притискајте
ги копчињата 2 и 3 додека на екранот не
се појави или ичезне знакот
.
Секојдневна употреба
Полнење на алиштата
Отворете ја
вратата со
внимателно
влечење на
рачката кон
надвор. Ставете ги
алиштата во
барабанот, едно по
едно,
протресувајќи ги
што е можно
повеќе. Затворете
ја вратата.
Осигурете се дека
нема алишта
помеѓу заштитната
гума и вратата.
Постои опасност од
протекување на
вода или
оштетување на
алиштата.
Измерете детергент и омекнувач
Извлечете ја фиоката од дозерот додека
не застане. Измерете ја количината на
потребниот детергент, турете ја во
главната преграда за миење
или во
соодветната преграда ако одбраната
програма/опција го побарува тоа (видете
повеќе детали во "Фиока на дозерот за
детергент").
Доколку е потребно, всипете омекнувач
во означената преградата
(количината не смее да ја надмине
ознаката «MAX» во фиоката). Полека
затворете ја фиоката.
35