User manual

Контролна сијаличка за заклучена
врата
Контролната сијаличка 9 се пали кога ќе
почне програма и покажува дали вратата
може да се отвори:
вклучено светло: вратата не може да се
отвори. Машината работи или
престанала да работи, но има вода во
кадата.
исклучено светло: вратата може да се
отвори. Програмата завршила или
водата е исцрпена.
светлото трепка: вратата се
отвора за
неколку минути.
Екран (10)
10.1 10.2
Екранот ги прикажува следните
информации:
10.1: Безбедносна брава за деца
Уредот овозможува да го оставите
апаратот без надзор додека работи.
10.2:
Траење на одбраната програма
По одбирањето програма,
времетраењето се прикажува во часови
и минути (на пример
). Траењето
се пресметува автоматски врз база на
максималното препорачано полнење за
секој вид на материјал. Откако
програмата ќе почне, преостанатото
време се ажурира секоја минута.
Одложено почнување
Одбраното одложување поставено со
притискање на соодветното копче се
прикажува на екранот неколку секунди, а
потоа повторно се прикажува
времетраењето на одбраната програма.
Вредноста на времето за одложено
почнување
се намалува по една
единица секој час, а потоа, кога ќе
преостане 1 час, времето се намалува
секоја минута.
Шифри за тревога
Во случај на проблеми во работењето
може да се прикажат некои шифри за
тревога, на пример
(види поглавје
«Што да сторите ако...»).
Неправилно одбирање на опција
Ако се одбере опција што не е
соодветна со поставената програма за
перење, се прикажува пораката Err на
дното на екранот неколку секунди.
Интегрираното црвено светло на
копчето 7 почнува да трепка.
Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши, се
прикажува нула (
) која трепка.
Контролната сијаличка 9 и контролната
сијаличка на копчето 7 се гасат. Вратата
може да се отвори.
Прва употреба
Проверете дали електричните и
водоводните поврзувања се
согласни со упатствата за местење.
Отстранете ги блокот од стиропор и
сиот останат материјал од
барабанот.
Истурете 2 литри вода во главната
преграда за перење
на фиоката
на дозерот за да се активира
вентилот ECO. Потоа вклучете
циклус за памук на највисока
температура, без алишта во
машината, за да ги отстраните
производните остатоци од
барабанот и кадата. Турете 1/2
мерка детергент во фиоката за
главно перење на дозерот и
вклучете ја машината.
34