User manual
Содржина
Безбедносни информации _ _ _ _ _ _ _ 28
Опис на производот _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 31
Контролна табла _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 32
Прва употреба _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 34
Персонализација _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 35
Секојдневна употреба _ _ _ _ _ _ _ _ _ 35
Помошни напомени и совети _ _ _ _ _ _ 39
Програми за перење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 41
Нега и чистење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 44
Што да сторите ако... _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 47
Технички податоци _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 50
Потрошувачки вредности _ _ _ _ _ _ _ _ 51
Монтажа _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 51
Поврзување на струјата _ _ _ _ _ _ _ _ 54
Еколошки прашања _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 54
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
ВАЖНО Внимателно прочитајте и чувајте
за идни потреби.
• Безбедноста на вашиот уред одговара
на индустриските стандарди и на
законските барања за безбедноста на
уредите. Сепак, како производители,
сметаме дека наша должност е да ги
дадеме следниве безбедносни
напомнувања.
• Многу е важно, ова упатство да остане
заедно со уредот за идни потреби.
Доколку уредот
се продаде или пренесе
на друг сопственик или се преселите и
го оставите уредот, внимавајте
упатството секогаш да биде со него, за
да може новиот сопственик да се
запознае со функциите и со важните
предупредувања.
• МОРА да ги прочитате внимателно пред
да го инсталирате или користите уредот.
• Пред првото пуштање, проверете да не
дошло
до оштетување на машината во
текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетена машина. Доколку
има оштетени делови, обратете се кај
Вашиот продавач.
• Ако уредот се испорачува во зимските
месеци, кога температурите се под
нулата: чувајте ја машината за перење
24 часа на собна температура, пред
првпат да ја користите.
Општа безбедност
• Опасно е да ги менувате
спецификациите или да се обидувате да
го модификувате овој производ на кој
било начин.
• Во текот на програмите за миење со
високи температури, стаклото од
вратата може да стане жешко. Не
допирајте го!
• Уверете се дека мали миленичиња и
деца нема да се качат во барабанот. За
да
го избегнете ова, проверете го
барабанот пред употреба.
• Секакви предмети, како парички,
безопасни, шајки, шрафови, камење или
друг тврд, остар материјал, може да
предизвикаат големо оштетување и не
смеат да се ставаат во машината.
• Користете само препорачани количини
омекнувач и детергент. Со
преполнување можете да предизвикате
оштетување на ткаенината. Погледнете
ги количините, кои ги
препорачува
производителот.
• Перете ги малите предмети, како
чорапи, врвки, колани итн., во вреќичка
за перење или во навлака за перница,
бидејќи е можно тие да се протнат
помеѓу коритото и внатрешниот
барабан.
• Не користете ја машината за перење на
предмети со фишбајн, непорабен или
искинат материјал.
28