Installation Instruction

елементи Нивелирајте ја машината за
перење со подигање или спуштање на
ногалките. Можно е, регулирањето на
ногалките да оди тешко, бидејќи имаат
навртка за само-заклучување, но
машината МОРА да биде нивелирана и
стабилна.
Сите потребни нагодувања можат да се
изведуваат со клуч за одвртување.
Точното нивелирање спречува вибрации,
бучава и поместување на машината
во
текот на работата. Никогаш не ставајте
картон, дрво или сличен материјал под
машината за да ги израмните
нерамнините на подот.
Ако е потребно,
проверете го
поставувањето со
помош на либела.
Довод за вода
ВНИМАНИЕ
Апаратот треба да се приклучи
на довод за студена вода.
Пред да приклучувате машината на
нова водоводна мрежа или на
мрежа што не е користена повеќе
време, оставете да истече некое
разумно количество вода за да се
измијат сите талози
што се собрале
во цевките.
Не користете го цревото од старата
машина за да го поврзете апаратот
со доводот на вода.
Доводното црево е испорачано со
апаратот и се наоѓа во барабанот на
машината.
35°
45°
Отворете го прозорчето и извадете го
доводното црево.
Приклучете го соодветниот крај на
цревото во апаратот со аголниот
приклучок, како што е прикажано на
сликата. Не поставувајте го доводното
црево надолу. Поставете го аголот на
цревото кон лево или кон десно, зависно
од положбата на славината за вода.
Откако ќе го наместите доводното
црево,
затегнете ја прстенестата
навртка за да не истекува вода.
Приклучете го
другиот крај на
доводното црево
на славина со
навој 3/4. Секогаш
користете го
цревото
испорачано со
апаратот.
ВНИМАНИЕ Доводното црево не
смее да се продолжува. Ако е прекусо
и не сакате да ја преместувате славината,
ќе треба да купите ново, подолго црево,
специјално наменето за овој вид примена.
Одвод за вода
Крајот од одводното црево може
да се
постави на три начини:
26
www.zanussi.com