Installation Instruction
Проблем Веројатна причина/Решение
Машината не испушта и/или
не центрифугира:
Одводното црево е згмечено или превиткано.
• Проверете го приклучокот на одводното црево.
Филтерот за испуштање вода е затнат.
• Исчистете го филтерот.
Одбрана е опција или програма што завршува со вода во
коритото или која ги елиминира сите избрани фази на
центрифугирање.
• Одберете програма за испуштање на водата или за
центрифугирање.
Алиштата во барабанот не се рамномерно распоредени.
• Одново распоредете ги алиштата.
На подот има вода:
Сте употребиле премногу или несоодветен детергент (создава
премногу пена).
• Намалете ја количината на детергент или употребете друг.
Проверете дали протекува од некој од приклучоците на
доводното црево. Понекогаш е тешко да се забележи дека по
цревото тече вода; проверете дали е влажно.
• Проверете го приклучокот за вода на доводното црево.
Одводното
или доводното црево е оштетено.
• Заменете го со ново.
Капачето на цревото за итно празнење не било вратено на
место или филтерот не бил правилно зашрафен по чистењето.
• Одново ставете го капакот на цревото за итно празнење или
докрај зашрафете го филтерот.
Лоши резултати на перење:
Сте употребиле премалку детергент или детергент што не
одговара.
• Зголемете ја количината на детергентот или употребете некој
друг.
Не сте ги третирале тврдокорните дамки пред перењето.
• Користете комерцијални производи за третирање на
тврдокорните дамки.
Не е избрана соодветна температура.
• Проверете дали сте ја избрале соодветната температура.
Премногу алишта.
• Намалете го
полнењето со алишта.
Вратата не се отвора:
Програмата уште работи.
• Почекајте до крајот на циклусот на перење.
Бравата на вратата не е отклучена.
• Почекајте да се изгасне контролната сијаличка 9.
Во барабанот нема вода.
• Изберете програма за цедење или центрифугирање за да ја
испуштите водата.
23
www.zanussi.com