Installation Instruction

Затворете ја
славината.
Одвртете го
цревото од
славината.
Исчистете го
филтерот во
цревото со тврда
четка.
Навртете го цревото назад на
славината. Проверете дали е добро
стегнато.
Одвртете го цревото од машината.
Имајте крпа при рака, бидејќи може да
истече малку вода.
Исчистете го филтерот во вентилот со
груба четка или со крпа.
35°
45°
Завртете го цревото на машината и
проверете дали е добро стегнато.
Отворете ја славината.
Заштита од замрзнување
Доколку машината е изложена на
температури под 0°C, треба да преземете
одредени мерки на претпазливост.
Затворете ја славината.
Одвртете го доводното црево.
Ставете го крајот од цревото за
ургентно празнење и на доводното
црево во длабок сад на подот и пуштете
ја водата да истече.
Повторно зашрафете го доводното
црево и вратете го на место цревото за
ургентно празнење, откако повторно ќе
го ставите капакот.
Кога ќе сакате повторно да ја користите
машината, проверете дали температура
во просторијата е над 0°C.
Итно празнење
Доколку водата не е
испуштена, постапете
на следниот начин за да ја испразните
машината:
извлечете ја приклучницата од
штекерот;
затворете ја славината;
доколку е потребно, почекајте водата да
се излади;
отворете ја вратичката на пумпата;
ставете длабок сад на подот и ставете
крајот од цревото за ургентно
испуштање во него. Извадете го
капакот. Водата треба да
се исцеди во
садот по слободен пад. Откако садот ќе
се наполни, вратете го капакот на
цревото. Испразнете го садот.
Повторувајте ја постапката додека
водата не престане да тече;
доколку е потребно, исчистете ја
пумпата на погоре опишаниот начин;
откако ќе го затворите со капакот,
вратете го цревото за итно празнење на
своето место;
навртете го капакот за пумпата
повторно и затворете ја вратичката.
ВАЖНО Секогаш кога ќе ја испуштите
водата со цревото за итно празнење мора
да истурите 2 литра вода во главната
преграда на фиоката за детергент, а
потоа да ја пуштите програмата за
црпење. Тоа ќе го активира уредот со
вентил ECO што спречува
дел од
детергентот да остане неупотребен при
следното перење.
21
www.zanussi.com