Installation Instruction

Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
изведувате какви било работи на
одржување или чистење, уредот мора да
го ИСКЛУЧИТЕ од струја
Отстранување бигор
Водата што ја користиме обично содржи
бигор. Препорачливо е, во машината
повремено да користите прав за
омекнување на водата. Правете го ова
посебно од перењето на алиштата и
според упатствата на производителот на
омекнувачот на водата.
Тоа ќе помогне во
спречување на таложење на бигорот.
Надворешно чистење
Чистете го надворешниот дел од
куќиштето на уредот само со сапуница, а
потоа исушете го темелно.
Чистење на фиоката на дозерот
Фиоката на дозерот за прашок за перење
и за омекнувач треба да се чисти
редовно.
Извадете ја
фиоката така што
резето ќе го
притиснете надолу
и ќе ја извлечете.
Исплакнете ја под
чешма за да
отстранете секакви
трагови од
наталожен прашок.
За полесно
чистење, горниот
дел на преградата
за адитиви треба
да се извади.
Чистење на отворот за фиоката
Откако ќе ја
извадите фиоката,
употребете мала
четка за да го
исчистите отворот,
уверувајќи се дека
сите остатоци од
прашокот за
перење се
отстранети од
горниот и од
долниот дел на
отворот.
Вратете ја фиоката на место и пуштете
ја програмата за плакнење, без алишта
во барабанот.
Чистење на пумпата
Пумпата треба редовно да се проверува и
тоа
особено ако:
апаратот не се празни и/или не
центрифугира;
апаратот испушта невообичаени звуци
за време на цедењето, поради
предмети, како на пр., безопасни,
парички итн., кои ја блокираат пумпата;
се открие проблем кај системот за
одвод на водата (за повеќе детали,
погледнете го поглавјето "Што да
сторите ако...“).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред
да ја
отворате вратата од пумпата,
исклучете го апаратот и извадете го
штекерот од приклучокот за струја.
Постапете како што следува:
Извлечете го штекерот на апаратот.
Доколку е потребно, почекајте додека
водата не се излади.
19
www.zanussi.com