Installation Instruction

Притискајте го ова копче повеќепати за да
ја смените брзината на центрифугата, ако
сакате алиштата да се центрифугираат со
друга брзина. Ќе се запали соодветната
сијалица.
Одберете ги достапните опции
притискајќи ги копчињата 3, 4, 5 и 6
Зависно од програмата, може да се
комбинираат различни функции. Тие мора
да се одберат по одбирањето на саканата
програма и пред
почнување на
програмата. Кога ќе се притиснат
копчињата, се палат соодветните
контролни светилки. Кога ќе се притиснат
повторно, контролните светилки се гаснат.
Ако е одбрана некоја неточна опција,
интегрираното црвено контролно светло
на копчето 7 трепка 3 пати и се покажува
пораката Err .
За соодветноста меѓу програмите за
перење и опциите, видете во поглавјето
«Програми
за перење».
Почнете ја програмата со притискање
на копчето 7
За да ја почнете одбраната програма,
притиснете го копчето; соодветното
црвено контролно светло престанува да
трепка.
Контролната светилка 9 свети за да
покаже дека апаратот започнува со
работа и дека вратата е заклучена.
Ако сте избрале одложен старт, машината
ќе почне да одбројува.
ВАЖНО
Ако сте одбрале погрешна
опција, се појавува пораката Err неколку
секунди и црвената контролна светилка
на ова копче трепка 3 пати.
Изберете го Одложеното почнување со
притискање на копчето8
Пред да ја стартувате програмата, ако
сакате да го одложите почетокот,
притискајте го ова копче за да го изберете
саканото одложување.
Одбраната вредност на времето
за
одложување ќе се појави на екранот
неколку секунди, а потоа повторно ќе се
појави времетраењето на програмата.
Мора да ја одберете оваа опција откако
сте ја поставиле програмата и пред да ја
почнете програмата.
Одложеното почнување можете да го
смените или откажете во кое било време,
пред да го притиснете копчето 7.
Одберете одложен почеток:
1. Одберете ја програмата и потребните
опции.
2. Изберете го одложеното почнување
со притискање на копчето8
.
3. Притиснете го копчето7:
- машината почнува со одбројувањето
часови.
- програмата ќе започне откако ќе
истече избраното одложување.
Откажување на Одложеното почнување
откако ќе почне програмата:
1. Нагодете ја машината за перење на
ПАУЗА со притискање на копчето 7.
2. Притиснете го копчето 8 само еднаш.
На екранот ќе се покаже
'.
3. Притиснете го копчето 7 повторно за
да почне програмата.
ВАЖНО
Избраното одложување може да се
смени само по повторно избирање на
програма за перење.
Вратата ќе биде заклучена во текот на
целото време на одложување. Ако
треба да ја отворите вратата, мора да ја
ставите машината за перење на ПАУЗА
притискајќи
го копчето 7 и да почекате
неколку минути пред да ја отворите
вратата. Откако ќе ја затворите вратата,
повторно притиснете го истото копче .
ВАЖНО Одложениот почеток не може да
се одбере со програмата за цедење.
Менување опција или пуштање
програма
Менувањето на некоја опција е можно
пред програмата да ја изврши истата.
Пред да
вршите некаква промена, мора
да ја паузирате машината притискајќи го
копчето 7.
17
www.zanussi.com