Installation Instruction

Третирајте ги завесите со посебна грижа.
Извадете ги куките за закачување или
заврзете ги во вреќа или мрежа.
Отстранување на нечистотиите:
Можно е тврдокорните дамки да не
излезат само со вода и детергент. Затоа
препорачуваме да ги обработите пред
перењето.
Крв: обработете ги свежите дамки со
студена вода. За исушените дамки,
покиснете ја
облеката преку ноќ во вода
со специјален детергент, а потоа истријте
со сапун и вода.
Маслени бои:натопете со маслен
разредувач, положете ја облеката на мека
крпа и тапкајте ја дамката; повторете
неколку пати.
Исушени дамки од маст: натопете со
терпентин, положете ја облеката на мека
подлога и тапкајте ја дамката со памучна
крпа
на врвовите од прстите.
Рѓа: оксална киселина растворена во
жешка вода или средство за
отстранувањерѓа што се користи
студено. Внимавајте кај старите дамки
одрѓа бидејќи целулозната структура е
веќе оштетена и ткаенината може да се
продупчи.
Дамки од мувла: обработете ги со
варикина и исплакнете ги добро (само за
бели алишта
и алишта со трајни бои).
Трева: насапунете ги малку и обработете
ги со варикина (само за бели алишта и
алишта со трајни бои).
Пенкало и лепак: натопете со ацетон
1)
,
положете ја облеката на мека крпа и
тапкајте ја дамката.
Кармин: натопете со ацетон, како што е
опишано погоре, па потоа третирајте ги
дамките со метилни алкохоли. Третирајте
ги сите преостанати трагови со варикина.
Црвено вино: натопете во вода и
детергент, исплакнете и обработете со
оцет или лимонска киселина, па потоа
исплакнете. Третирајте
ги сите
преостанати трагови со варикина.
Мастило:завосно од видот на мастилото,
прво натопете ја ткаенината со ацетон
1)
,
а потоа со оцетна киселина; третирајте ги
сите остатоци на бела ткаенина со
обелувач и потоа темелно исплакнете.
Дамки од катран: првин обработете со
средство за отстранување дамки, метил
алкохол или бензин, а потоа истријте со
детергент во паста.
Детергенти и додатоци
Добрите резултати на перењето зависат и
од изборот на детергент и
од користењето
на правилните количества за да се
избегне непотребно трошење и да се
заштити животната средина.
Иако биолошки се разградуваат,
детергентите содржат материи што во
големи количества можат да ја нарушат
чувствителната рамнотежа на природата.
Изборот на детергентот ќе зависи од
типот на ткаенината (чувствителна,
волнена, памучна итн.), бојата,
температурата на перење и
степенот на
валканост.
Со овој апарат може да се користат сите
вообичаено достапни детергенти за
машини за перење:
прашоци за перење за сите видови
ткаенини
прашоци за перење за чувствителни
ткаенини (до 60°C) и волна
течни детергенти, претежно за
програми за перење на ниски
температури (до 60°C) за сите видови
ткаенини или специјални само за волна
.
Детергентот и адитивите мора да се
ставаат во соодветните прегради на
фиоката на дозерот пред почнување на
програмата за перење.
Ако користите течни детергенти, мора да
се одбере програма без претперење.
Вашиот апарат е опремен со систем за
кружење што овозможува оптимално
трошење на концентрираниот детергент.
Почитувајте ги препораките на
произведувачот за количествата што
треба да се употребуваат и не ставајте
1) не употребувајте ацетон на вештачка свила
14
www.zanussi.com