User manual

Садовите за готвење од лиено железо,
лиен алуминиум или садови со
оштетено дно може да ја изгребат
стакло-керамичката површина ако се
движат преку неа.
Не оставајте ги садовите за готвење да
извријат, бидејќи со тоа ќе се оштетат и
садовите и стакло-керамиката.
Не користете ги ринглите со празни
садови или без нив.
Не покривајте ниеден дел од апаратот
со алуминиумска фолија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ако на
површината има пукнатина,
извлечете го кабелот од струја за да
спречите струен удар.
Монтажа
Пред монтажата запишете ги овие
податоци од плочката со технички
податоци:
Опис на моделот (Modell)..............
Број на производот (Prod.
Nr.) ............. ....
Сериски број (Ser. Nr.) ...............
Плочката со технички податоци ќе ја
најдете на долното куќиште од апаратот.
ZVM 64X
949 592 733 02
58PEE11AO
ZANNUSSI
220-240 V 50-60-Hz
6,0 kW
6,0 kW
Безбедносни упатства
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мора да ги
прочитате!
Внимавајте апаратот да не е оштетен од
превозот. Не поврзувајте оштетен апарат.
По потреба, разговарајте со
испорачувачот.
Овој апарат смее да го монтира,
приклучува или поправа само овластен
сервисен техничар. Користете само
оригинални резервни делови.
Користете ги апаратите што се
вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини кои ги
исполнуваат стандардите.
Не менувајте ги спецификациите и не
вршете измени на производот. Опасност
од повреди или оштетување на апаратот.
Придржувајте се кон законите, прописите,
директивите и нормите, кои важат во
земјата на примената (безбедносни
одредби, одредби за рециклирање,
правилата за електрична безбедност
итн.)!
Одржувајте минимално растојание од
другите апарати и уреди!
Погрижете се околу заштитата од струјни
удари: на пр. ставете фиоки под апаратот
само ако е наместено заштитно подножје.
Заштитете ги пресечените површини од
работната површина од влага со
соодветен дихтунг!
Спојте ги апаратот со работната плоча
без процепи, со соодветен дихтунг!
Заштитете ја долната страна од апаратот
од пареа и влага, на пр. од машина за
миење садови или рерна.
Не монтирајте го апаратот во близина на
врати и под прозорци! Ненадејното
отворање на вратите или прозорците
може да ги преврти жешките садови од
ринглата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
повреда со електрична струја.
Внимателно следете ги упатствата за
електрично поврзување.
Клемата за приклучување на мрежата е
под напон.
Ослободете ја клемата за
приклучување на мрежата од напон.
Инсталирајте ја правилно за да биде
заштитена од струјни удари.
3