Прирачник за корисникот Одоздола вградена рерна ZOU 241
electrolux 2
electrolux Содржина Предупредувања и важни информации за безбедноста ........................................... 4 Опис на уредот .............................................................................................................. 6 Команди ......................................................................................................................... 7 Пред првото користење на рерната ............................................................................ 9 Користење на рерната ...
electrolux Македонски Предупредувања и важни информации за безбедноста Секогаш чувајте ги овие упатства за корисникот заедно со уредот. Доколку го дадете уредот на трети лица или го продадете, или доколку го оставите кога се селите, многу е важно новиот сопственик да ги добие овие упатства и придружните информации. Овие предупредувања се предвидени за безбедноста на корисниците и на оние што живеат со нив. Затоа, прочитајте ги внимателно пред да го приклучите и/ или користите уредот.
electrolux • • • • • • Уверете се дека рерната е во положбата „ИСКЛУЧЕНО“, кога не ја користите подолго време. Оваа рерна (дури и ако е поврзана со електрична површина за готвење) е конструирана да работи на 230 V моно-, дво- или трифазна струја со нула. Повеќефазно поврзување без нула (400 V) може да индуцира уништување на рерната и на површината за готвење, доколку ја има. Не употребувајте абразивни средство за чистење или остри гребалки.
electrolux Опис на уредот 9 8 7 6 5 4 3 2 1 10 11 12 13 1. Контролна табла 2. Контролно копче на предната десна рингла/зона за готвење 3. Контролно копче на задната десна рингла/зона за готвење 4. Контролно копче на задната лева рингла/зона за готвење 5. Контролно копче на предната лева рингла/зона за готвење Прибор за рерната Тава за маснотии 6 6. Контролно копче за функција на рерната 7. Контролно копче на термостатот 8. Контролна сијалица за работа 9.
electrolux Команди Контролно копче за функција на рерната 0 Рерната е исклучена 0 Конвенционално готвење топлината доаѓа и од горниот и од долниот грејач, обезбедувајќи рамномерно загревање во внатрешноста на рерната Долен грејач - топлината доаѓа само од долниот дел на рерната Горен грејач - топлината доаѓа само од горниот грејач (надворешниот дел) Скара - целиот грејач за скара е вклучен Индикатор за напојување Сијалицата за вклучено напојување светнува кога ќе се нагоди контролното копче за функциј
electrolux со струја. Рерната автоматски повторно се вклучува кога температурата на рерната ќе опадне. Доколку безбедносниот термостат се активира поради неправилно користење на уредот, само отстранете ја грешката откако рерната ќе се излади; доколку пак, термостатот се активира поради дефектна компонента, обратете се во службата за односи со корисниците. Вентилаторот за ладење копчиња 1 за Контролните копчиња за ринглите се наоѓаат на контролната табла на рерната.
electrolux Пред првото користење на рерната Пред да ја користите рерната, отстранете ја сета амбалажа, како однатре така и однадвор. Пред да ја користите за првпат, рерната треба да се загрее без храна. За тоа време може да се јави непријатна миризба. Ова е апсолутно нормално. Тоа е последица на остатоци од производството. Обезбедете добро проветрување на просторијата. 1. Вклучете го копчето за функција на рерната на ) конвенционално готвење . 2. Ставете го копчето на термостатот на 250°C. 3.
electrolux Користење на рерната Рерната е опремена со ексклузивен систем, кој произведува природно струење на воздухот и постојано рециклирање на пареата. Овој систем овозможува готвење во средина со пареа, со што јадењата остануваат меки однатре, а крцкави однадвор. Згора на тоа, времето на готвење и потрошувачката на струја се сведени на минимум. За време на готвењето може да се произведува пареа, која може да излезе при отворањето на вратата од рерната. Ова е апсолутно нормално.
electrolux предмети го зголемуваат запечувањето одоздола, додека плеховите од светкав алуминиум или полиран челик ја одбиваат топлината и даваат послабо запечување одоздола. - Секогаш ставајте ги садовите во средината на решетката за да обезбедите рамномерно запечување. - Ставајте ги јадењата на плехови со соодветна големина за да избегнете истурање на дното на рерната и да го олесните чистењето.
electrolux и даваат послабо запечување одоздола. - Секогаш ставајте ги садовите во средината на решетката за да обезбедите рамномерно запечување. - Ставајте ги јадењата на плехови со соодветна големина за да избегнете истурање на дното на рерната и да го олесните чистењето. - Не ставајте ги садовите, тавите или плеховите за печење директно на дното на рерната, бидејќи тоа станува многу жешко и ќе дојде до оштетување.
electrolux Табели за печење тесто и месо Конвенционално готвење Времињата не го вклучуваат времето на загревање. Празната рерна секогаш треба претходно да се загрее во траење од околу 10 минути.
electrolux Печење скара Времињата не го вклучуваат времето на загревање. Празната рерна секогаш треба претходно да се загрее во траење од околу 10 минути. ВИД ЈАДЕЊЕ Количина Парчиња Печење скара 4 3 2 1 g. темп.
electrolux Чистење и одржување Пред чистење, уредот мора да биде исклучен и изладен. Уредот не смее да се чисти со супер-жежок парочистач или со чистач со млаз пареа. Важно: Пред да се изведува какво било чистење, шпоретот мора да го исклучите од струја. За да обезбедите долг век на вашиот уред, потребно е редовно да ги изведувате следните постапки на чистење: - Изведувајте го ова само откако рерната ќе се излади. - Измијте ги емајлираните делови со сапуница.
electrolux Внатрешност на рерната Емајлираното дно на рерната најдобро се чисти додека рерната се уште е топла. По секоја употреба, избришете ја рерната со мека крпа, натопена во сапуница. Повремено ќе биде потребно потемелно чистење, со помош на соодветно средство за чистење рерни. Чистење на вратата од рерната Пред да ја чистите вратата од рерната, препорачуваме да ја откачите од рерната. Постапете на следниот начин: 1. целосно отворете ја вратата од рерната; 2.
electrolux НЕ чистете ја вратата од рерната додека стаклените плочи се топли. Доколку не се придржувате на оваа безбедносна мерка, стаклената плоча може да пукне. Доколку стаклената плоча од вратата има драсканици или длабоки гребаници, стаклото ќе биде ослабено и мора да се замени за да се спречи неговото евентуално пукање. Обратете се во локалниот сервисен центар, каде што ќе ви дадат понатамошен совет.
electrolux Кога нешто не е во ред Доколку уредот не работи правилно, проверете го следното, пред да се обратите во вашиот локален сервисен центар на Electrolux. ПРОБЛЕМ Рерната не се вклучува. РЕШЕНИЕ Проверете дали правилно се избрани функцијата и температурата на готвење или Проверете дали уредот е правилно поврзан и дали прекинувачот на приклучната кутија или прекинувачот за напојување на шпоретот се ВКЛУЧЕНИ. Сијалицата за температура на рерната не се вклучува.
electrolux Технички податоци Јачина на грејачите Долен грејач 1000 W Горен грејач 800 W Овој уред може да се приклучува на разни површини за готвење: z Целосна рерна (горен+долен) 1800 W СКАРА 1650 W Осветление на рерната 25 W Вентилатор за ладење 25 W z Вкупна јачина на шпоретот 1850 W Работен напон (50 Hz) 230 V - 400 V Димензии на отворот Висина одоздола вградена mm 593 во колона mm 580 Ширина mm 560 Длабочина mm 550 Рерна Висина mm 335 Ширина mm 405 Длабочина mm 400 Зафатнина
electrolux Упатства за монтажерот Инсталирањето и поврзувањето мора да се изведат во согласност со важечките прописи. Сите интервенции мора да се изведуваат кога уредот е исклучен. На уредот смеат да работат само овластени електричари. Производителот одбива секаква одговорност доколку не се придржувате на овие безбедносни мерки.
electrolux Напојниот кабел мора секогаш да се постави, така што во ниту една точка нема да достигне температура повисока од 50°C од собната температура. Во однос на потребниот пресек на кабелот, соодветни се следните типови напојни кабли: H07 RN-F, H05 RN-F, H05 RR-F, H05 VV-F, H05 V2V2-F (T90), H05 BB F. Приклучување на приклучната табла Уредот е опремен со лесно достапна 6-полна приклучна табла, чии мостови се веќе поставени за работа на 400 V три-фазна струја, со нула (Сл. А).
electrolux Електрично поврзување со површина за готвење со плочи од лиено железо За да ја поврзете рерната на површина за готвење со плочи од лиено железо, приклучете го адаптерот „В+С“ во соодветното приклучно место „А“ на рерната, кое се наоѓа во горниот заден дел од рерната, зад контролната табла (погледнете Сл.С) Приклучете го штекерот од адаптерот „С“ во приклучното место на рерната. Со тоа се избегнува секакво погрешно поврзување 22 A B C Сл.
electrolux Упатства за вградување Димензии на рерната (Сл. А) Упатства за вградување Сл. А IN 550 M 560 - 57 593 За да обезбедите правилна работа на вградениот уред, кујнскиот кабинет и отворот за вградениот уред мора да имаат соодветни димензии. Кога уредот се вградува, не смее да има слободен простор и тој мора да е затворен од сите страни со кујнскиот мебел, за да се спречи можноста од случајно допирање на „живи“ (под напон) делови од уредот.
electrolux 24
electrolux 25
electrolux ZOU 241 0,79 kWh 56 43 min.
electrolux HR - SI HU PL CZ SK RO 1 2 3 Proizvoðaè Proizvajalec Producent Gyártó Výrobce Výrobca Producãtor Model Model Model Modell Model Model Model Klasa energetske djelotvornosti Razred energijske uèinkovitosti Klasa energooszczêdnoci Energiahatékonysági osztály Tøída energetické úèinnosti Trieda energetickej hospodárnosti 4 - Konvencionalno - Konvencionalno - Tradycyjne - Hagyományos - Konvenèní - Konvenèné 5 - Konvekcija s ventilatorom - Z dodatno ogretim zrakom
electrolux 28 35695-4604 04/08 R.