User manual
• За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
– не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на внатрешноста
на апаратот.
– не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
– не чувајте влажни чинии или храна
во апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
– бидете внимателни при
отстранување или поставување на
приборот.
• Обезбојувањето на емајлот или на
не'рѓосувачкиот челик нема ефект врз
работата на апаратот.
• Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
• Овој апарат е наменет само за готвење.
Не смее да се користи за други намени,
на пример за загревање на простории.
• Секогаш гответе со затворена врата на
печката.
• Ако апаратот е монтиран зад плоча од
мебел (на пр. врата) вратата не смее да
се затвора кога апаратот е во функција.
Може да се насобере топлина и влага
зад панелот на затворениот мебел и да
предизвика оштетување на апаратот, на
куќиштето или на подот. Не затворајте
ја плочата на мебелот додека не се
излади целосно апаратот по употреба.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди, пожар или
оштетување на апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
• Веднаш заменете ги стаклените плочи
на вратата ако се оштетени. Стапете во
контакт со Овластен сервисен центар.
• Осигурете се дека внатрешноста и
вратата се суви после секоја употреба.
Пареата која се прави за време на
работата на апаратот се кондензира на
ѕидовите на внатрешноста и може да
предизвика корозија.
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот
на површината.
• Мрснотиите и остатоците од храна во
апаратот може да предизвикаат пожар
или електрично искрење кога
функцијата микробранови работи.
• Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунѓери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
инструкции на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
Внатрешна светилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
• Видот на светилката или на халогената
лампа која се користи за овој апарат е
само за употреба во апарати за
домаќинство. Не употребувајте ја за
осветлување во куќата.
• Пред да ја замените светилката,
исклучете го апаратот од напојувањето.
• Користете само светилки со истите
спецификации.
Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот сервисен
центар.
• Користете само оригинални резервни
делови.
Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од приклучокот
за струја.
• Извадете го електричниот кабел блиску
до апаратот и фрлете го.
6 www.zanussi.com