User manual

Општа безбедност
Само квалификувано лице може да го монтира уредот и
да го замени кабелот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите достапни
делови се вжештуваат за време на употребата. Треба да
се внимава да не се допираат грејачите. Апаратот не
смее да биде на дофат на деца помали од 8 години
освен ако не се под постојан надзор.
Секогаш користете ракавици за рерна за вадење или
ставање прибор или огноотпорни садови.
Пред чистење и одржување, исклучете го уредот од
напојувањето.
Пред да ја менувате сијалицата во печката, уверете се
дека уредот е исклучен, за да ја избегнете можноста од
струен удар.
Не користете чистач на пареа за чистење на апаратот.
Не користете груби абразивни средства или остри
метални стругалки за да го чистите стаклото на вратата,
бидејќи тоа може да предизвика прскање на стаклото.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој треба да
биде заменет од страна на производителот, негов
Овластен сервисен центар или слично квалификувани
лица за да се избегне опасност.
Не приклучувајте го апаратот кога е празен. Метални
парчиња во внатрешноста може да предизвикаат
електрично искрење.
Метални садови за храна и пијалаци не се дозволени за
време на готвење со микробранови. Ова барање не е
применливо ако производителот ја специфицира
големината и обликот на метални садови кои се погодни
за готвење со микробранови.
Ако е оштетена вратата или заптивките на вратата,
апаратот не смее да се користи додека не го поправи
квалификувано лице.
Само квалификувано лице може да врши сервисирање
или поправка, која вклучува вадење на капакот, кој
заштитува од изложување на микробранова енергија.
www.zanussi.com 3