User manual

Се огласува сигнал. SAFE се прикажува на
екранот.
За да ја исклучите Брава за деца,
повторете го чекор 2.
Користење на функцијата
Заклучување
Можете да ја вклучите функцијата
Заклучување само кога работи печката.
Кога Функцијата заклучување е активирана
температурата и поставките за време за
функцијата на печката која работи не може
случајно да се променат.
1. Одберете функција на печката и
поставете ја според Ваши преференци
2. Истовремено допрете ги и држете ги
и во траење од 2 секунди.
Се огласува сигнал. Loc се прикажува на
екранот во време од 5 секунди.
Loc се појавува на екранот кога
го вртите копчето за
температура или ќе притиснете
било кое копче кога Функцијата
заклучување е вклучена.
Ако го свртите копчето за функции на
печката, печката се исклучува.
Кога ја исклучувате печката додека е
вклучена функцијата Заклучување,
функцијата Заклучување се сменува
автоматски со Блокада за деца. Видете во
„Користење на блокадата за деца“.
За да ја исклучите Функцијата
заклучување, повторете го чекор 2.
Показно светло за преостаната
топлина
Кога ќе ја исклучите печката, на екранот се
прикажува показателот за преостаната
топлина ако температурата во печката
е повисока од 40 °C.
Автоматско исклучување
Заради безбедносни причини, апаратот
автоматски се исклучува после некое
време, ако функцијата на рерната работи и
ако не сте ги промениле поставките.
Температура (°C) Време на
исклучување (ч)
30 - 115 12.5
120 - 195 8.5
200 - 230 5.5
По автоматското исклучување, притиснете
кое било копче за повторно да работите со
апаратот.
Автоматското исклучување не
работи со следните функции:
Светло, Времетраење, Крај.
Вентилатор за ладење
Кога работи печката, вентилаторот за
ладење се вклучува автоматски за да ги
одржува ладни површините на печката.
Ако ја исклучите печката, вентилаторот за
ладење продолжува да работи додека
печката не се излади.
Помош и совети
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Температурата и времињата на
печење во табелите се дадени
само како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките што се
употребуваат.
Препораки за готвење
Вашата печка може да ги пече тестото или
месото различно од печката што сте ја
имале порано. Табелите дадени подолу со
стандардните поставки за температура,
време на готвење и позиција на решетката.
Ако не можете да ги најдете нагодувањата
за одреден рецепт, побарајте нешто
слично.
www.zanussi.com 15