User manual

ВАЖНО Проверете дали притисокот на
доводот на гас на апаратот е во
согласност со препорачаните вредности.
Спојката што може да се конвертира се
прицврстува на широката рампа со
помош на навртка со навој G 1/2".
Заштрафете ги деловите без премногу
сила, приспособете го поврзувањето во
неопходната насока и стегнете ги сите
делови.
ABC
A) Крај на вратилото со навртка
B) Дихтунг
C) Колено
Течен гас: употребете го гумениот држач
за цевка. Секогаш користете дихтунг.
Потоа продолжете со поврзувањето на
гасот. Флексибилната цевка е подготвена
за примена кога:
не може да се загрее повеќе од собна
температура, повисоко од 30°C;
не е подолга од 1500 mm;
нема затнувања;
не е изложена
на истегнување или
усукување;
не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
може лесно да се прегледа за да се
утврди состојбата.
Контролата на состојбата на
флексибилната цевка се состои во
проверка на следниве работи:
да не е напукната, расечена или
подгорена на двата краја и по целата
должина;
материјалот да
не е стврднат, туку да е
правилно еластичен;
стегите да не се 'рѓосани;
рокот на траење да не е поминат.
Ако се забележат една или повеќе
неправилности, не поправајте ја цевката,
туку заменете ја.
ВАЖНО Кога монтажата е завршена,
проверете дали заптивката на секоја
цевка е соодветна. Употребете сапунеста
течност, не пламен!
Замена на дизните
1. Отстранете ги држачите за садови.
2. Отстранете ги капаците и
круните од
пламеникот.
3. Одвртете ги вбризгувачите со клуч бр.
7 и заменете ги со други, потребни за
типот на користениот гас (погледнете
ја табелата во поглавјетоТехнички
податоци“).
4. Составете ги деловите следејќи ја
истата процедура по обратен
редослед.
5. Заменете ја плочката со
спецификации (се наоѓа близу
цревото за довод на гас) со онаа за
новиот тип за довод на гас. Плочката
ќе ја најдете во пакувањето
испорачано со апаратот.
Ако притисокот за довод на гас е
променлив или различен од потребниот
притисок, морате да наместите
применлив прилагодувач за притисок на
цревото за довод на гас.
Приспособување на минималното
ниво
За регулирање на минималното ниво на
пламениците:
1. Запалете го пламеникот
.
2. Свртете го копчето на минималната
положба.
3. Извадете го контролното копче.
4. Со тенок штрафцигер приспособете ја
позицијата на штрафот за
премостување.
39
www.zanussi.com