User manual

Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за
време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
Готвењето на плотна со маст или масло без надзор може
да биде опасно и да доведе до пожар.
Никогаш не
гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак
или специјално противпожарно ќебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци, не треба да се оставаат на
површината за
готвење бидејќи може да станат жешки.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, овластен сервисен
претставник или слично квалификувани лица за да се
избегне опасност.
Кога апаратот е директно приклучен на електрично
напојување, има потреба од четири-полен изолиран
прекинувач со спојница. Комплетно
исклучување во
согласност со условите наведени во категоријата за
прекумерна волтажа III мора да биде загарантирано.
Кабелот за заземјување не подлежи на ова.
Кога ќе го поврзувате кабелот внимавајте кабелот да не
доаѓа во директен контакт (на пример користење на
заштитна изолација) со делови кои достигнуваат
температури поголеми за 50°C од собната температура.
30
www.zanussi.com