Basic Guide

Технички податоци
Димензии Височина × Широчина ×
Длабочина (mm):
Повеќе технички информации ќе
најдете на плочката со
спецификации од надворешната
десна страна на апаратот.
868 × 806 × 665
Време на
одржување
28 часови
Монтажа
Поставување
Овој апарат може да се постави во сува,
добро проветрена внатрешност (гаража
или визба), но за оптимални перформанси
поставете го апаратот на место каде што
температурата на амбиентот
соодветствува на климатската класа
наведена на плочката со податоци на
апаратот:
Климатс
ка класа
Температура на амбиентот
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
Потреби за проветрување
1. Поставете го замрзнувачот во
хоризонтална положба, на тврда
подлога. Сандакот мора да стои на
сите четири ногарки.
2. Внимавајте просторот меѓу апаратот и
задниот ѕид да е 5 см.
3. Внимавајте просторот меѓу апаратот и
страните да е 5 см.
Протекот на воздух зад апаратот мора да
биде доволен.
Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен.
Приклучокот на кабелот за напојување со
струја е со вземјување. Ако штекерот од
домашната електрична мрежа не е
вземјен, поврзете го апаратот со посебно
вземјување во согласност со прописите за
електрична енергија и откако ќе се
посоветувате со квалификуван
електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените
безбедносни мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со Директивите
на ЕЕЗ.
Еколошки мерки
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
40