User manual

Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора капакот
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите внатрешни
додатоци со млака вода и малку
неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
Секојдневна употреба
Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување
смрзната и длабоко смрзната храна
подолго време.
Максималното количество храна што може
да се смрзне за 24 часа е одредено на
плочката со спецификации
3)
Смрзнувањето трае 24 часа: за време на
овој период не додавајте друга храна за
мрзнење.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се
изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Корпи
X
Обесете ги корпите
на горниот раб на
замрзнувачот (Х)
или ставете ги во
него (Y)
Y
Свртете ги и
забравете ги
рачките за овие
две положби како
што е прикажано на
сликата.
Следниве слики покажуваат колку корпи
може да се стават во внатрешноста на
овој модел.
3) Видете во "Технички податоци"
25