User manual

ВАЖНО Ако околната температура е
висока или апаратот е целосно наполнет,
а апаратот е поставен на најниската
температура, може да работи непрестано
што ќе предизвика да се формира мраз на
задниот ѕид. Во тој случај, тркалцето мора
да се постави на повисока температура за
да се овозможи автоматско одмрзнување,
а со тоа и помала потрошувачка на
енергија.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите внатрешни
додатоци со млака вода и малку
неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
Секојдневна употреба
Подвижни полици
На ѕидовите на
фрижидерот се
монтирани низа
држачи, така што
полиците може да
се наместат по
желба.
Местење на полиците на вратата
За да се овозможи
чување пакувања
во разни големини,
полиците на
вратата може да се
стават на различни
височини.
Постепено влечете
ја полицата во
насоката на
стрелките додека
не се ослободи,
потоа наместете ја
по желба.
Помошни напомени и совети
Совети за штедење енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
Доколку околната температура е висока,
регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е
целосно наполнет, компресорот може да
работи непрестано, што ќе предизвика
формирање мраз на испарувачот. Ако
се случи тоа, свртете го регулаторот за
температура кон
помалите вредности за
да овозможите автоматско
одмрзнување, со што ќе заштедите и
електрична енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
не ставајте топла храна или течности
што испаруваат во фрижидерот
покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
ставајте ја храната така што воздухот
може да кружи слободно околу неа
39