User manual

ВНИМАНИЕ!
Не влечете ги, не поместувајте
ги и не оштетувајте ги цевките
и/или каблите во фрижидерот.
Никогаш не користете
детергенти, груби прашоци,
многу парфимирани средства за
чистење или восок за полирање
за чистење на внатрешноста,
бидејќи така може да се оштетат
површините и да остане силен
мирис.
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Чистете ги со четка кондензаторот и
компресорот на задната страна на
апаратот. Со тоа се подобрува работењето
на апаратот и се штеди електрична
енергија.
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите внатрешни
додатоци со млака вода и неутрален сапун
за да се отстрани карактеристичниот
мирис на новите производи, а потоа
темелно избришете ги.
Не користете детергенти или
абразивни прашоци бидејќи
можат да ја оштетат политурата.
Одмрзнување на фрижидерот
Сланата автоматски се отстранува од
испарувачот во преградата од фрижидерот
секогаш кога компресорот ќе престане да
работи во текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад на задната страна на
апаратот, над компресорот, од кој што
испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето
за истекување на водата од одмрзнување
во средината на каналот во преградата на
фрижидерот за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната
внатре.
Одмрзнување на замрзнувачот
ВНИМАНИЕ!
Никогаш не користете метални
алатки за да го стругате мразот
од испарувачот, бидејќи може да
го оштетите.
Зголемувањето на
температурата на смрзнатата
храна за време на
одмрзнувањето може да го
скрати нејзиниот век на чување.
Не користете механички уреди
или какви било други вештачки
средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен
оние што се препорачани од
производителот.
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира одредена количина мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот
мраз ќе достигне дебелина од околу 3-5
mm.
1. Извлечете го приклучокот за струја од
ѕидниот штекер или исклучете го
апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место
ВНИМАНИЕ!
Не допирајте ги смрзнатите
работи со мокри раце.
Рацете може да ви се
залепат на смрзнатата
храна.
3. Отворете ја вратата.
За да се забрза одмрзнувањето,
ставете сад со топла вода во комората
за замрзнување. Освен тоа, отстранете
28 www.zanussi.com